Мишел Тејлор еднаш влегла во ресторан со најлони на нејзините стапала бидејќи ги заборавила своите чевли.

„Јас сум несредена мајка“, изјавила таа. „Кога ги оставаме децата на училиште, секогаш брзаме, а меѓу другото сè уште дојам, па млеко ми се исцедува низ маицата, а косата ми е несредена, фатена во пунџа. Поголемиот дел од времето носам влечки.“

Па, кога била закажана родителска средба во училиштето од нејзините деца, таа одлучила да се појави – средна. „Си помислив, морам да се приберам. Па ноќта претходно избрав соодветна облека и фармерки, првпат во годината. Дури облеков и чевли.“

Но, работите не се одвивале според планот за оваа мајка на 4 деца од Калифорнија. Во видеото што го објавила на „Тик-ток“ Тејлор седи во автомобилот на паркингот со едната рака врз едното око. „Не знам дали да се смеам или да плачам. Само што заминав од родителскиот состанок на ќерка ми и се вратив во автомобилот. Си помислив дека беше супер, дека оваа година конечно ќе бидеме поканувани на роденденски забави и состаноци за играње. Мојата ќерка ќе биде горда“, вели таа во видеото.

Но, не толку брзо. „Беа толку добри кон мене веројатно бидејќи им било жал“, додава Тејлор и ја трга раката од окото, па открива дека само половина лице и е нашминкано. „Изгледам како емотикон. Зошто сум ваква?“, вели таа.

Што го предизвикало половичното шминкање?

„Го доев бебето додека нанесував шминка. Моите синови сакаа појадок – врескаа – а потоа погледнав на часовникот и видов дека е доцна и дека морам да одам. Само се сеќавам дека ги грабнав клучевите и заминав.“ Не е чудо што ова нејзино видео е преплавено од коментари и има над 3 милиони прегледи.

„Кажи ми дека си мајка без да ми кажеш дека си мајка“, се шегуваат корисниците во коментарите. „Девојко, порано работев во училишна канцеларија. Мајките како тебе беа оние што најмногу ги сакавме. Вистинските мајки“, пишува во друг коментар.

@meeshylynn

When you try so hard and fail harder… Why didn’t they tell me?! ? #fyp

♬ original sound – Meeshylynn

Автор: Рејчел Пола Абрамсон

Извор



912

X