Мејси е 15-годишна тинејџерка со Даунов синдром. Иако оди во средно училиште, нејзината мајка Хедер Ејвис вели дека на прсти може да се изброи на колку роденденски забави била поканета откако почнала во градинка.

– Мејси вчера влезе во автомобилот и ми покажа покана за роденден на една школска другарка. Нејзината среќа поради поканата е опиплива. Истовремено плачев и се смеев со неа – напиша Хедер на нејзиниот инстаграм-профил.

Хедер објави видео од реакцијата на нејзината ќерка на поканата за роденден. Девојката широко се насмевнува додека мавта со поканата, а потоа вреска од среќа. На крајот по образите ѝ течеа солзи радосници.

Авис се надева дека нејзината ќерка ќе ги инспирира другите да ги прифатат оние што најчесто се изоставени.

– Сите имаме можност да станеме луѓе кои ќе создадат инклузивен простор за секого – вели мајката.

Извор



912

X