Воспитување

Видео: Рацете што чистеле со години полни со слатки – основци од Хрватска со сладок гест ја испратиле чистачката во пензија

Ученици од основното училиште „Подтурен“, Хрватска, ја израдувале чистачката Бисерка која се пензионира. Рацете што чистеле со години – сега се наполниле со слатки.

Госпоѓата Бисерка не ни насетувала какво изненадување ѝ подготвуваат учениците.

-Отворете очи! Та дааа! Ова е за вас, затоа што секогаш бевте покрај нас и ви посакуваме среќна пензија! – ѝ велат учениците.

Овој сладок гест ја разнежил нивната омилена госпоѓа Бисерка.

-Таа нивна прегратка… Не можам ниту да зборувам ниту да заборавам. Излегов надвор, едвај се смирив, тоа за мене беше нешто прекрасно.

Во одделението ја повикале наводно заради метење на подот, а потоа ја изненадиле.

-Јас ја зедов метлата за да исчистам наместо неа, па ѝ рековме да седне и да ги испружи рацете. Потоа ѝ ги наполнивме рацете со слатки. Сакавме да има нешто за да се сеќава на нас додека е во пензија. Секогаш ни помагаше, бевме многу возбудени и сите заедно ја прегрнавме – велат учениците.

-Децата се добри, имаат мноштво идеи, треба само да им се даде шанса – велат од училиштето.

Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top