Присуството на таткото на породувањето секогаш привлекува големо внимание, а видеата знаат да бидат смешни, но и многу емотивни. Неретко гледаме татковци кои се онесвестуваат додека нивните сопруги се породуваат, а не се ретки и некои непримерни коментари. Експертите откриле и кои се знаците дека вашиот партнер нема потреба да присуствува на породувањето, но овој маж сигурно ги немал.

Една мајка објавила видео од своето породување на кое присуствувал и нејзиниот сопруг. Ова го снимила надзорна камера во болницата, а однесувањето на овој храбар човек е навистина за пофалба.

Цело време ја бодрел сопругата, а потоа дошол моментот кога се слушнал плачот на бебето. Ова е моментот кој секој родител едвај го чека, а овој татко ја покажал својата чиста емоција. Камерата го снимила како плаче кога го слушнал своето бебе. Ова се дефинитивно солзи радосници и солзи на олеснување – најубавите.

@sherinicole455 Replying to @Al ♬ original sound – Sheri

Автор: Радмила Илиќ

Извор



912

X