Децата постојано нѐ слушаат додека зборуваме и впиваат сѐ што се случува околу нив. Додека растат, се обидуваат да нѐ имитираат и почнуваат да го користат говорот како средство за комуникација, но сѐ уште не можат целосно да ги изговорат зборовите, особено оние потешките.
Секогаш успеваат слатко да нѐ насмеат кога се обидуваат да зборуваат, ги мешаат буквите и слично. Во следното видео се случува токму тоа: малечко девојче се обидува на англиски да го изговори зборот „јагода“ (strawberry), бидејќи тоа го бара од мајка си. Мајка ѝ едвај успева да разбере што всушност бара нејзината малечка ќерка.
Преслатко и неодоливо.