Ајан има шест години и веќе е интернет-сензација. Неговата мајка Алиса Холдер ја снимила неговата утринска рутина, го објавила видеото на „Инстаграм“ и биле потребни само неколку дена за да стане вирално.

На видеото се гледа како шестгодишното дете опуштено пие чај и чита книга.

„Тој е толку мирен и сконцентриран секое утро. Се надевам дека денот ќе ви започне еднакво убаво и вам“, рекла мајката на момчето.

Видеото предизвикало многубројни реакции, како и стотици коментари.

„Изгледа како 55-годишник заробен во детско тело. Ми се допаѓа“, „Може ли да биде мојот животен тренер?“, „Знае да се грижи за себе на шест години. Прекрасен е“, се само некои од коментарите.

Извор



912

X