Како и многу уморни мајки што дојат и спијат со своите деца, и Шерел е прилично уморна. Но, таа не сфатила колку всушност е уморна сè додека не снимила како изгледа една вечер. Нејзиното видео, објавено на веб-страницата „Мадерли“, покажува како Шерел и нејзиниот сопруг спијат заедно со нивното 17-месечно дете, Клео, меѓу нив. Во текот на целата ноќ Клео спие немирно, додека Шерел често го дои за да го смири. Непотребно е да се каже дека Шерел утрото се буди преморена.

Во истражувањето спроведено од „Мадерли“ било откриено дека 93 отсто од мајките пријавиле дека се преморени, 89 отсто изјавиле дека спијат помалку од 8 часа секоја вечер.

Немирната ноќ на Шерел дава увид во она што го прават мајките, а со нејзиното искуство можат да се поврзат и многу други мајки.

Извор



912

X