Секој родител на мало дете веројатно знае колку е тешко да се справи со изливите на бес што децата ги имаат речиси на дневно ниво. Кога децата врескаат и плачат поради нешто ирационално и се чини дека ништо не помага, родителите може да станат нервозни и да реагираат на начин на кој не би сакале да реагираат.

Едно видео на „Тик-ток“ кое ја прикажува токму оваа ситуација стана вирално, а начинот на кој синот се обидува да го утеши својот исцрпен татко ги стопли срцата на интернет-корисниците.

Видеото го споделила мајката Моли Микос, која објаснила дека нивното тригодишно дете во тоа време имало 2,5-часовен излив на бес. Другиот син, кој има 6 години, кого Моли го опишува како емпатичен и сочувствителен, покажува импресивни вештини за саморегулација.

Начинот на кој тој почнува длабоко да дише и предлага и тој и татко му заедно да дишат е навистина инспиративен. Потоа, таткото се извинува затоа што ги загубил нервите и објаснил дека ќе се обиде да биде подобар пример како родител. На крајот, 6-годишното дете покажа разбирање и сочувство, што допре многу интернет-корисници.

@mollymikos

♬ original sound – mollymikos

Извор



912

X