Игротека

Видео: Погледнете како пее малата Карис

Во денешно време, со пристапот до низа социјални мрежи, децата имаат можност да бидат во тек со најновите трендови, како и музички хитови.

Ова преслатко девојче, кое има 5 години и се вика Карис, го изведува на свој уникатен начин хитот на пејачката Хелси – Without me.

За кратко време Карис стана вистински хит на интернет, а во следното видео ќе погледнете како музичари ја надополнуваат нејзината изведба свирејќи на инструменти и креирајќи вистинска музичка точка.

Погледнете и самите и уверете се – ова преслатко девојче сигурно ќе ви измами насмевка на лицето. Вистинско расположение на денот!

Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top