Една од омилените активности на дечињата е посетата на зоолошката градина. А на момчето кое ќе го видите во следното видео ваквото искуство ќе му остане врежано во сеќавањата засекогаш.

Родителите го однеле детето во зоолошка градина и кога пристигнале до кафезот на жирафите, се случило нешто несекојдневно. Момчето ѝ подава голем лист на жирафата за да ја нахрани, а таа заедно со листот го крева високо, што предизвикува паника кај родителите. За среќа, на крајот успеваат да го спуштат момчето на земја и да се оддалечат од местото.

Ова видео е потсетник колку треба да се внимава при посетата на зоолошките градини со вашите деца и колку е важно да се следат советите на вработените.

Извор



912

X