Кога веќе сте во карантин, треба да го извлечете најдоброто од ситуацијата.

Две тригодишни момчиња од Алабама станаа популарни откако нивната мајка сподели видео од нив на познатата платформа „ТикТок“. На видеото можете да слушнете како момчињата разговараат за моменталната ситуација со вирусот откако нивната мајка ги испратила в кревет.

– Ние сме во карантин – вели едното момче на почетокот на видеото, додека седи на подот со своето братче.

– Да. Ние сме во карантини – одговара другото.

Потоа двете момчиња почнуваат да ја повторуваат фразата „Одете си, бактерии“, пред да заклучат дека пролетта е на прагот.

Потоа, двете момчиња почнуваат борба со перници, додека извикуваат: – Одете си, бактерии!

Меган Санчез, мајката на момчињата, за американските медиуми изјави дека момчињата секогаш имаат некоја тема на која зборуваат пред да си легнат.

 

@megan.elizabeth.x3The 2 funniest people I know! They usually talk about what happened that day while I put the baby to sleep ##quarantine ##pillowfight ##humor ##brothers♬ original sound – megan.elizabeth.x3

Извор



912

X