Еден настан од Светското првенство во фудбал уште еднаш ни покажа дека треба да им се восхитуваме на Јапонците.

По видеоснимките од јапонските навивачи како го чистат стадионот, додека светот гледа, сега на социјалните мрежи кружи видео од градинка во оваа земја.

Видеото покажува како децата таму се учат на добро однесување, култура и манири уште од мали нозе, сето тоа преку една многу едноставна игра.

На видеото се гледаат деца кои седат во две колони на столчиња и се преправаат дека се патници во автобус, а едно момче е пред другите како возач. Во автобусот влегува момче со бастун преправајќи се дека е стар дедо, а потоа неговиот пријател станува и му отстапува место.

Потоа влегува девојка која ја игра улогата на мајка со бебе, а другарка од групата ѝ отстапува место. Така е и со „бремената“, но и со девојка чие момче станува.

Јапонија – земја од која можеме многу да научиме

Јасно е дека во практика ниту кај нас ниту во другите земји во светот никогаш не е идеално, но ваквите потези и темелите што се градат за младите секако водат кон подобро утре.

А Јапонија е земја од која можеме многу да научиме. Образованието е витален дел од јапонската култура, а во тамошните градинки програмите се дизајнирани да ги всадат вистинските вредности кај децата уште од најмала возраст.

Извор



912

X