Постојат многу интересни факти за бебињата – се раѓаат со 300 коски, додека возрасните имаат 206, веднаш по раѓањето можат да ги препознаат мајчиниот мирис и глас, можат да дишат и да голтаат истовремено, но можат и да пливаат и природно да го задржат здивот.
Тукушто се уверивме во ова последново, откако на друштвените мрежи се појави снимка од едногодишно бебе кое ужива додека плива во базен. Многумина од нас се скептични и никогаш не би се осмелиле да го пуштат своето дете само да плива во базен. Всушност, да се одржува на површината.

 

Меѓутоа, бебето што стана вирално толку ужива, што едноставно сакате да се најдете на негово место.
Интересно е дека вродениот рефлекс на бебињата за снаоѓање во вода спонтано исчезнува околу петтиот месец, па затоа се советува бебињата да почнат со обука пред таа возраст. А тоа значи дека ова едногодишпно бебе е природен талент.
Иако на многумина што го гледаа видеото не им беше пријатно од фактот дека бебето само плива и се врти во базенот, имаше и такви што во него видоа олимписки пливач. Мора да се признае дека има повеќе храброст од многу возрасни, зарем не?
„Моето дете се дави додека пие вода од чаша. Има 14 години“, заклучи еден твитерџија.



912

X