Откако се вратила од одмор, „тиктокерката“ Киан била непријатно изненадена од она што ја пречекало дома. За 11 дена нејзиниот сопруг и децата успеале да направат екстремен хаос во домот.

„Се враќам дома по 11-дневен одмор. Барем децата се живи“, напишала таа покрај виралното видео кое собрало 4,1 милиони прегледи за една недела.

Киан се пошегувала на своја сметка, но оние што коментирале ја предупредиле дека тоа е само знак оти нејзиниот сопруг не ја почитува. Тие се согласиле дека тој е виновен за ваквиот неред и ѝ напишале дека таа заслужува подобро.

@kthel6

At least he kept the kids alive 🤷🏻‍♀️

♬ Funny Song – Funny Song Studio & Sounds Reel

„Веднаш би поднела барање за развод“, напишала една личност.

„Ми се чини дека те казнил што си заминала“, додала друга.

„Би си го продолжила одморот додека домашните не исчистат сè и не го вратат во првобитната состојба“, предложила трета.

„По седум дена се вратив од службено патување во чиста куќа. На масата ме пречека цвеќе и честитка што ја направиле нашите деца. Да сакал да те пречека, можел да се потруди“, посочува четврта.

Извор



912

X