Игротека

Видео: Новогодишна елка што зборува – атракција во Канада

Празниците се приближуваат, а луѓето започнуваат со декорирање на домот, додека трговските центри се украсени со многу светилки и новогодишни елки. Некои трговски центри ги надминуваат другите со креативноста.

Трговски центар во Канада е во центарот на вниманието оваа празнична сезона поради тоа што во центарот е поставена новогодишна елка која „зборува“. Се работи за масивно дрво во трговскиот центар во Нова Скотија, Канада. Ќе биде поставено до 23 декември.

Она по што се двои ова украсно дрво е тоа што има „лик“ од кловн кој е прикачен за дрвото и зборува со луѓето во трговскиот. Некои луѓе сметаат дека е малку морничаво, а други се воодушевени што гледаат нешто ново и интересно. Новогодишната елка од трговскиот центар си има и свој твитер-профил.

Од трговскиот центар информираат дека елката повторно е поставена по пауза од 15 години, па затоа на жителите им разбудува спомени од минатото. Најголемо внимание привлекувала во 80-тите и 90-тите години, особено помеѓу децата, но во 2006 година била отстранета од центарот бидејќи се испробувал нов стил на украсување. Името на елката е Вуди. Иако жителите на Нова Скотија се потсетуваат на минатото со Вуди, сепак има голем број корисници кои сметаат дека ова е најстрашната новогодишна елка во Канада.

Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top