Тажната мајка во својата објава објаснила дека им испратила повеќе од 20 покани на врсниците на својот син, а забавата ја организирала на отворено, во парк, според сите епидемиолошки мерки. Таа и синот чекале гости, но ни по половина час никој не се појавил, па потресена снимила сцена од празниот парк, со неотворени чаши и грицки.

„Буквално се појавија 0 луѓе на роденденската забава. Моето кутро малечко момче, толку се радуваше“; рекла мајката на снимката. „Извинете, снимката се тресе, но многу сум вознемирена“, додала таа. На снимката се гледа како момчето Џеј-Џеј си игра само во паркот.

Ова видео наишло на поддршка од следбениците, собирајќи повеќе од 2 милиона прегледи и 300 илјади допаѓања, а многу родители споделиле слични искуства. За да ја извлече ситуацијата, мајката извршила неколку телефонски повици и на крајот на прославата сепак се појавиле две семејства со деца. Пријателите ја прашале мајката што сака Џеј-Џеј за роденден и адресата, со цел да им испратат подароци, но таа се заблагодарила и им рекла дека не му требаат играчки. Но, ако сакаат, можат да купат подароци и да им ги испратат на децата во блиската болница и дека тоа е желба на Џеј-Џеј. „Тоа би била супер донација“, рекла мајката, со корисничко име „@dawners86“ на „ТикТок“.

@dawners86

heart broken. ##heartbroken ##sosad ##hurt ##wow ##lonely ##poorguy ##sadboy ##birthday ##happybirthday ##omg ##cry

♬ SAD – Instrumental – Nhím Stone

Автор: Луција Богданиќ

Извор



912

X