Игротека

Видео: „Никогаш не откажувај се“ – двегодишно девојче нѐ потсетува на оваа важна порака

Ова видео е одличен потсетник на максимата „Никогаш не откажувај се“. Во него ќе видите двегодишно девојче кое упорно и храбро се качува на платформа на игралиште и скока додека нејзината мајка го гледа.

Девојчето со насмевка на лицето се труди да ја направи нејзината мајка горда, па упорно се качува и скока, обидувајќи се кога ќе стапне на земја, да ја задржи рамнотежата, се разбира, со охрабрување од страна на мајката. Мајката ѝ упатува совети, а слаткото девојче ја слуша, по што на крајот навистина успева во замисленото. Нејзиниот весел израз на лицето кажува сè.

Извор

Поврзани написи

To top