Навистина никогаш не е доцна да научиш да свириш на некој музички инструмент. А тоа апсолутно го покажува и докажува семејството што ќе го видите во следното видео.

Имено, младото момче свири на гитара и пее, на тапани е неговата мајка, а на бас-гитара неговиот татко. Мајката научила да свири на тапани за 2 месеца, а таткото воодушевува со својот настап, со оглед на тоа дека почнал да свири на бас-гитарата пред само 2 недели!

Тие заедно звучат одлично, а често прават музички концерти во нивната дневна соба. Бендот е тема на многу корисници на интернет, кои се воодушевени од желбата на таткото и мајката да научат да свират на музички инструмент и заедно со синот да основаат бенд. Воодушевен од оваа идеја и реализација е и познатиот актер Кевин Бејкон.

Извор



912

X