Семејството Радфордс објавило видео покажувајќи како ги отвораат божиќните подароци. Сите се воодушевени од добиеното, а подароците ги отвораат облечени во пижами. Подароците се сместени пред големата елка во дневната соба.

Навидум сè е хаотично, но во еден момент мајката Су вели дека не може да се придвижи од украсната хартија. Нинтендо, количка, лонци, друштвени игри, лего-коцки – ова се дел од подароците што ги добиле децата Радфордс.

Во видеото е прикажано и како родителите Су и Ноел ги отвораат и своите подароци, кои ги добиле од своите постари деца. Мајката почнува да вреска кога ќе види дека добила правосмукалка. Видеото завршува кога таткото Ноел на сопругата ѝ подарува прекрасен прстен. „Тоа е твојот нов свршенички прстен бидејќи стариот ти пукна“, ѝ вели Ноел.

Семејството Радфордс често ги документира и споделува своите животни моменти со своите следбеници, а ова видео го објави на својот јутјуб-канал за своите обожаватели.

Извор



912

X