Едногодишни близначки родени споени во тилот успешно се разделени. По 12-часовната операција, девојчињата од Израел првпат се погледнале очи в очи, а преслаткиот момент е забележан со камера. Нивната операција е прва таква изведена во Израел. Лекарите вклучени во операцијата проценуваат дека ова е посебен зафат изведен само 20-ина пати во целиот свет.

– Кога има две бебиња поврзани во мозокот и крвните жили кои го снабдуваат мозокот, тоа за нас, неврохирурзите, значи уште покомплициран зафат – рече Мики Гидеон, раководител на одделението за детска неврохирургија во Медицинскиот центар „Соток“ за „Ен-би-си њуз“. Имињата на девојчињата сè уште не се објавени, а во видеоснимката лежат свртени една кон друга во болнички кревет и првпат се гледаат.

Сложената операција барала обнова на черепот и пресадување за двете девојчиња. Д-р Гидеон, кој ја водел операцијата, вели дека се надевал оти зафатот ќе се изведе пред да наполнат една година. Хируршкиот тим се состоел од 50 луѓе, а операцијата на раздвојување почнале да ја планираат уште додека девојчињата биле во мајчината утроба. По нивното раѓање во 34. недела од бременоста, лекарите детално ги прегледале за што попрецизно да ја утврдат нивната состојба. Соработувале со високотехнолошки компании кои развиле 3Д-модел на анатомијата на девојчињата кој се користел во симулации од вирутелна реалност, односно како дел од подготовката за операција.

– Добро заздравуваат и невролошки се добро. Когнитивно сè уште не можеме да процениме. Мораме да почекаме и да видиме што ќе се случи – додава д-р Гидеон.

Автор: Рејчел Елбаум и Пол Голдман

Извор



912

X