Малечко момче ги покажува своите танцувачки вештини на улица. Видеото за кратко време се прошири на интернет. Освен што танцува одлично, детето добива пофалби што не ја симнува својата маска во текот на снимањето, кое трае 24 секунди. Било споделено на „Твитер“, а во описот пишувало: „Танцувај како никој да не гледа, сакај како никогаш да не си бил повреден, пеј како никој да не слуша и живеј како да е рај на земјата“.

Момчето е облечено во панталони и кошула, но има и маска на лицето, додека танцува босо на каллива улица, а игра на музика која е отсвирена на тапан. Видеото има над 70 илјади прегледи. Многумина коментираат дека детето одлично танцува, а и му упатуваат пофалби што ги почитува мерките за заштита од ковид-19.

Автор: Раџашри Сил

Извор



912

X