На социјалните мрежи кружи видео кое освен што ќе предизвика смеа, ќе ги потсети родителите на нивните фрустрации поврзани со малите деца.

Видеото објавено на „Инстаграм“ покажува татко кој доживеал несекојдневен момент со својот двегодишен син. Откако стигнале на локацијата и таткото го паркирал автомобилот, синот поради некоја причина, лут на татко си, решил да легне на асфалтот до возилото. Наместо вообичаените реакции како плачење или викање, момчето останува смирено, очекувајќи неговиот татко на крајот да го земе и да го однесе внатре.

Но, таткото многу мирно ги вади торбите од автомобилот, а кога гледа дека момчето не се премислило, едноставно го фаќа за предната страна од јакната и го носи како да е една од торбите.

Извор



912

X