Серена Мец е мајка на четиригодишниот Макс, кој ги воодушевил корисниците на „Тик-ток“ со својата едноставна роденденска желба. Слаткото момче не побарало од родителите скапи подароци или многу бонбони, туку само сакало да се вози на ескалатор.
За да му ја исполни желбата, Серена го однела во блискиот трговски центар каде што се возеле некое време, горе-долу по скалите. Макс неколку пати се свртил кон Серена и ѝ се насмевнал, а многумина коментирале дека изгледа како да проверува дали неговата мајка се забавува како него.
@serenamariemetz he wants what he wants 🤗 #birthday#escalator#funny#boymom ♬ Funny – Gold-Tiger
Видеото за неколку дена било прегледано седум милиони пати на платформата, а Макс со своето однесување трогнал многумина.