Абигејл Фудулијан уште нема ни две години, но веќе знае како да ги натера родителите да се покорат на нејзината волја. Девојчето не сака да спие само, па смислило генијален начин за да се увери дека мајка ѝ е со неа додека спие.
„Засекогаш сум заробена“, рекла нејзината мајка Мегети Фудулијан.
Секојпат Абигејл успева да ја „зароби“ нејзината мајка, која мора да почека додека девојчето длабоко да заспие за да излезе надвор од собата. Нејзиниот главен потег бил да ги стави рацете во ракавите од пижамите на нејзината мајка, но еден ден се разбудила и сфатила дека нејзината мајка успеала да побегне. Па така таа пробала нешто ново.
Ги ставила рацете на образите на нејзината мајка, а Мегети тоа го документирала во урнебесно видео, кое станало вирално. Повеќето родители многу добро знаат за што се работи.
Мегети Фудулијан признала дека ги брои минутите додека нејзината ќерка не заспие длабоко и постојано размислува за сите работи што треба, а не може да ги прави.
„На овој начин губам многу време, но ќе се препуштам и ќе се обидам да уживам во оваа фаза“, заклучила таа.