Вирално видео споделено од Дипаншу Кабра, службеник на индиската полиција, прикажува мајка без раце како му ја менува облеката на своето бебе, користејќи се со стапалата.

Белгиската уметница Сара Талби е родена без раце, но научила да живее без нив и споделува погледи од нејзиниот живот на нејзиниот канал на „Јутјуб“. Споделувајќи го видеото на „Твитер“, полицаецот напишал: „Со право се вели дека нема поголем воин од мајката. Многу убави желби до сите мајки што ги прават своите деца способни опсипувајќи ги со љубов, инспирација и вредности“.

Видеото, кое има повеќе од 46.000 прегледи, ја прикажува белгиската уметница Сара Талби, која е родена без раце. Станува збор за скратена верзија на оригиналното видео споделено од Талби на нејзиниот канал на „Јутјуб“, кое нуди поглед во нејзиниот живот.

Извор



912

X