Секоја мајка мисли дека има најслатко бебе на светот. Но, една мајка од Арканзас, шегувајќи се, признава дека нејзиното бебе можеби е спротивното од тоа, па со нејзината постапка им го привлекла вниманието на луѓето од целиот свет. Луси Баер се борела со спонтани абортуси низ годините и се откажала од идејата дека ќе има свое семејство.

„Зедовме трето куче на крајот од септември 2019 и мојот изговор беше – па, нема да имаме повеќе деца“, а потоа во февруари 2020 откривме дека сум бремена со Риси“, вели Баер. По 9 месеци чекање, конечно ја запознале – нивното бебе-чудо. Тоа е моментот кој мајката никогаш не го заборава. „Сигурна сум дека и јас и сопругот се погледнавме и се запрашавме – Дали е здрава?“, вели таа.

Луси сонувала нејзината ќерка да изгледа како неа, но се случило спротивното. „Таа има навистина голем нос. Дури и Харпер, мојата поќерка, кога ја држеше првпат в раце, ме погледна и рече: „Малку изгледа чудно, зарем не?“, и јас си помислив дека девојчето не греши. Додека многу мајки не сакаат да признаат, сепак, Луси си го признава уникатниот изглед на ќерка си и тоа го споделила со светот на „Тик-тк“.

„Луѓето велат – Господе Боже, зарем мајка може да го нарече своето бебе грдо! Вие сте ужасна мајка. Девојчето ќе порасне без самодоверба“, изјавила мајката. Таа вели дека едноставно е реална. „Целата ситуација ќе се најде во нејзината бебешка книга. Ќе има одлична смисла за хумор“, рекла Баер. Таа ги потсетува другите мајки дека не се сите бебиња совршени, но тоа е совршено во ред.

Баер вели дека видеото е само забава и е свесна дека нејзиното бебе не е грдо. Сепак, видеото се исплатило бидејќи одредени компании ѝ испраќаат на Риси играчки во замена за видеото.

@lucybaehr

She just needed a minute… #DontSpillChallenge #wholesome #babiesoftiktok #newborn

♬ original sound – Chips999

Автор: Ноа Делашо/ Лора Монтеверди

Извор



912

X