Игротека

Видео: Мајка го убедува своето бебе да каже „мама“ – не го очекуваше зборот што детето го изговори

Видео во кое мајката го убедува своето бебе да каже „мама“ станало вирално на социјалните мрежи. Сепак, се случува сосема спротивното на нејзините очекувања, па малечкото изговара „тато“.

Во видеото бебето седи во скутот на таткото и си игра со домашното милениче – куче. Мајката го снима видеото и нежно се обидува да го натера да каже „мама“. Сега малечкото се учи на нови зборови, па мајката сака да го овековечи моментот кога ќе ја нарече „мама“. Сепак, по велењето „тато“, таткото почнува да се смее, а мајката дефинитивно не го очекувала тоа.

Коментарите на видеото се смешни и многубројни. 9 месеци бременост, ова добиваш, ок, чао..“, „Нека го дои тато“, „Фасцинантно е како бебињата во светот слично се однесуваат“, „Ова е измама“, се шегуваат корисниците во коментарите.

Автор: Теса Бовал

Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top