Видео на „ТикТок“ од мајка од Сент Луис Каунти, САД, е во центарот на вниманието на интернет. Облечено во сако и со биографија во рака, 1 годишниот Мајло Мундвилер и се приклучил на својата мајка, 38 годишната Меги Мундвилер, на нејзиното интервју за работа. Таа го документирала целиот пат со компилација на видеа на „ТикТок“.

„Знаев дека луѓето ќе се поврзат со ова искуство, но не знаев дека толку многу. Сега мислам дека имаме веројатно околу 8 милиони прегледи, што е неверојатно“, рекла мајката. Шест недели откако Мајло се родил, Мундвилер вели дека била отпуштена. Од тогаш, таа се борела да пронајде работа за време на пандемијата додека истовремено се грижела за своето новородено дете. „Многу луѓе не можат да платат за детска грижа ако се невработени дури и ако едниот од родителите е вработен. Имате многу сметки за кои треба да издвоите пари“, рекла таа.

Неодамна таа била интервјуирана за нова работна позиција, но добила повик во последна минута за остварување и за второ интервју. Во тоа време, нејзиниот сопруг, постариот син и остатокот од семејството не можеле да го чуваат Мајло додека таа требала да биде на интервју. „Бев искрена со работодавачите дека не можам да си дозволам дадилка, па дека ќе морам да одложам за друг пат. Но, тие беа љубезни и ми рекоа дека може да дојде и детето. Им кажав дека доаѓам за неколку часа“. Биографијата на Мајло била само дополнителна светла точка во целата ситуација.

„Се надеваме дека оставивме добри импресии и да го извлечеме најдоброто од ситуацијата која е малку различна од онаа на која сме навикнати“, рекла мајката. Студија од јануари месец, 2021 открива дека половина од вработените родители со деца под 12 години, рекле оти одговорностите за грижа за децата биле тешки за справување за време на пандемијата. Вработените жени исто така имале поголема веројатност да ги намалат работните часови и не се чувствуваат како да даваат 100 проценти од себе на работното место. Мундвилер вели дека ова видео фрла светлина на борбата со која семејствата се соочуваат во овој тежок период.

„Возбудливо е и страшно малку. Прекрасно е да можете д аим дадете на луѓето глас. Се надевам дека работодавачите ширум светот ќе го слушнат ова и ќе ги прочитаат коментарите“, рекла мајката. Коментарите се фокусирани на повик кон работодавачите да стануваат прифатливи во однос на носењето на децата на работа за родителите кои имаат потреба.

Мундвулер вели дека и била понудена работата и планира да објави на „ТикТок“ новости за тоа и да го обелодени нејзиниот пат како вработена мајка. „Може да се каже дека има толку многу луѓе кои ќе се поврзат со ова искуство, кои до сега не можеле да кажат што чувствуваат, па сметам дека ова е добар начин и тие да добијат глас за да ја споделат сличната борба со која се соочувале“, заклучува таа.

@314handcrafted

Ever been to a toddler friendly interview? ##companyculture ##toddler ##fyp ##foryourpage ##PrimeDayDealsDance ##toddler ##covidbaby ##job ##interview ##cute

♬ original sound – Cody V.

Извор



912

X