Мајка се преплашила кога го здогледала нејзиното бебе како лебди во воздухот со прикачени балони за неговиот грб. Побрзала да го фати бебето само за да сфати дека некој се шегува со неа, па нејзината реакција станала вирална на интернет. Видеото трае 8 секунди, а било споделено на „Твитер“ – во описот пишува „Бебето лета!“
Видеото започнува со бебето кое лета во воздух со балони, а мајката трча да го спаси, врескајќи „Емерсон! Ох, Господе, фатете ја!“ Таа се обидува да го фати бебето, кое лебди во близина на скалите. Сепак, преплашениот израз на лицето преминува во олеснување, кога маж кој се крие зад ѕидот од скалите, доаѓа напред за да открие дека бебето не лета, туку тој цело време го држи.
The baby is flying! ?? pic.twitter.com/5YiFEH5qHt
— Mack & Becky Comedy (@MackBeckyComedy) August 4, 2021