Објавувањето на веста за бременоста на најблиските е прекрасен момент, а начините на кои идните родители избираат да ја соопштат веста се посебни. Така, мајката Мариса Меро решила да ги изненади своите родители со веста за нејзината бременост со своето второ бебе. Наместо да им каже однапред, таа избрала итар и сладок начин.

Сосема несвесни за плановите на ќерка си, нејзините родители седнале на една од масите кога семејството отишло на ручек во ресторан.

Штом мајка ѝ седнала, го видела сонограмот на нивната маса, но не разбрала веднаш што е тоа. Тогаш ќерката им предложила да погледнат да видат дали има напишано име на сонограмот. Во моментот кога сфатиле дека се работи за сонограм на нивната ќерка, биле во шок.

@marissamero Telling my parents I’m pregnant at Texas Roadhouse while on vacation with our 6 month old 😂 #pregnant #pregnancyannouncement ♬ original sound – Marissa Mero

По неколку моменти збунетост, родителите конечно ја разбрале ситуацијата и реагирале со воодушевување. Меро го споделила овој момент на „Тик-ток“ и насмеала многумина.

Видеото собрало 7,6 милиони прегледи и повеќе од 477.800 лајкови.

Извор



912

X