Проблемите со варењето на храната и запекот се многу чести појави кај бебињата, но сепак ги загрижуваат родителите. Причина може да бидат многу фактори, како промена на исхраната, дехидратација и недостиг на растителни влакна. Кога е во прашање ублажувањето на овој непријатен проблем, постојат неколку работи што можете да ги направите – на пример, топла бања, нежно поместување на нозете на бебето додека лежи на грб, или како што препорачува една мајка, активирање на бебешкото „копче за какање“.

Елина Фурман, мајка и инструктор за масажа, објаснила како да се ублажи болниот запек на „Тик-ток“.

Како што тврди таа, за примена на оваа техника потребни ви се неколку секунди, па им порачала на родителите: „Нема да верувате колку брзо бебето ќе се олесни“. Нејзиниот трик се состои од нежно притискање на неколку точки од телото на детето.

– Прво со рефлексотерапија само ги масирате тенкото и дебелото црево, а потоа правите мали кругови на средината на стапалата“, објаснила таа. Оваа техника, според неа, ќе ги „размрда“ тенкото и дебелото црево, а тоа ќе помогне во ублажување на запекот.

@kahlmi

This works. Babies, kids and adults! #babymassage #babypoop #reflexology

♬ Une miss s’immisce – Exotica

Извор



912

X