Игротека

Видео: Како сопругот да ја почувствува „магијата“ на бременоста

Ако некогаш сте се обиделе да му го објасните чувството да се биде бремена на некој што не го доживеал тоа, сигурно го знаете следното: нема зборови со кои може да се опише какво е чувството да имате живо суштество во вашиот стомак и некој постојано да ве клоца однатре.

Ви звучи познато? Тогаш можеби сте имале потреба да му доловите некому какво е чувството – барем Шон Џонсон го сторила тоа. Олимпијката, која го очекува второто дете со сопругот Ендру Ист, неодамна му покажала на мажот како е да се носи дете, Неговите одговори се пресмешни.

Ист споделил две видеа на „Инстаграм“ со текст: „Се обидувам да му покажам на сопругот како е да се биде бремена“. Првото видео започнува со Џонсон, која му врзува топка на стомакот на сопругот, па вели дека типичната тежина од бременоста е околу 13 килограми. За неколку секунди Ендру веќе почнува да се жали: „Веќе чувствувам притисок во горниот дел од грбот… и во долниот. Ова е само половина од вистинската тежина? Тоа е страшно. Веќе сум изморен. Ме боли стомакот, се чувствувам иритирано“, вели тој.

Откако Џонсон завршува со топката околу стомакот, таа фрла играчка на подот и бара од сопругот да ја крене. Додека Ист се приближува на предизвикот со самодоверба, брзо ќе научи дека доаѓа до точка во бременоста наречена „ако нешто падне, тоа е веќе мртво за мене“. „Леле, ова е навистина тешко. Зарем ова е реалниот живот?“, прашува тој.

Во второто видео Џонсон го води Ист до бањата каде што му дава инструкции да легне и да стане. Тој го прави тоа, но сфаќа дека таа едноставна задача е многу поголем предизвик за бремените. Потоа ја става главата на перница и ги крева нозете, па вели „Ова е лудо“, додека се обидува да стане од креветот. Потоа се обидува и да се сврти и се свртува надвор од креветот. А сопругата му вели „Ете, така е“.

Се знае дека не треба да се спие на грб во последниот триместар од бременоста. Видеата се смешни, но даваат и важна поента во однос на тоа што значи да се донесе нов човек на овој свет. Се разбира дека има шегување, но е многу подлабоко од тоа. Ако може да се извлече поука од овие видеа, тогаш тоа е дека сите треба да вложат малку повеќе труд во разбирањето на бременоста и да им дадат на жените простор да ги чувствуваат и изразат овие непријатни моменти. „Ова е добро, ова гради емпатија“, заклучува Ист.

Да се има бебе е прекрасно, чудесно нешто, но сепак мора да се признае и дека е тешко искуство. Бидејќи, носењето на друг човек во себе е голем предизвик, па оставете ги жените да се жалат за тешките моменти и исцрпеноста од целото искуство – секоја мајка го има тоа право.

Автор: Зара Ханавалт

Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top