Мислиме дека не треба да се нагласува колку светот се промени од појавата на паметните телефони бидејќи тоа влијаеше врз речиси секој аспект од нашиот живот. Тоа влијаеше и врз животот на децата, уште од нивната најрана возраст. Токму тоа решила да го покаже тиктокерката Јадира Зарате, која објавила видео кое за кратко време станало вирално и моментално има 28,8 милиони прегледи.
Во него можеме да видиме реален приказ на животот на децата родени во 1997 и 2017 година, односно на нејзиниот партнер и ќерка. Двајцата морале да ги користат рацете за да покажат како изгледа кога разговараат на телефон и се фотографираат, а како што можете да видите на видеото, нивните описи се многу различни од минатото.
@yadiraycz Everone has to try this its too cute ??
♬ original sound – Yadira Zarate
И додека ова видео успеа да ги насмее луѓето, некои покренаа дебата за тоа дали влијанието на мобилните телефони врз денешната младина е добра или лоша работа.
„Не знам дали е ова смешно или тажно, чувствувам носталгија за старите добри времиња“, е еден од коментарите.