Породувањето е многу емотивна работа за која мајката се подготвува 9 месеци. Ако го носите своето прво дете, сигурно нема да ви биде јасно кога кон крајот на бременоста докторот ќе ви каже дека сте се отвориле 2, 3 или 5 сантиметри.
За целосно отворање и за самото породување, потребно е жената да биде отворена 10 сантиметри, што е максимумот, а воедно е и идеален премин за вашето новороденче.
На социјалната мрежа „Тик-ток“ е објавено видео од породување и постапката на отворање на родилката. На него јасно се гледаат промените што се случуваат на породилниот канал, но и движењето на бебето кое е подготвено да ги запознае родителите и новиот свет.
@femometerlife #fyp #surgery #education #foryou #birth #babyborn #facts ♬ original sound – femometerlife