Божиќното утро треба да биде магично време кога сите ги отвораат своите подароци и го споделуваат празничниот дух – освен родителите, се разбира. Во божиќен скеч кој е и комичен и трагично реален, актерката од „Саботна вечер во живо“, Кристен Виг, покажала колку може да биде магично божиќното утро за сите, освен за мајката.

Семејството се буди на Божиќ, среќно го започнуваат празникот со песна. Нејзиниот син, кој го игра Кајл Муни, добил пиштол, рацете на „Хулк“, телескоп и сет тапани. Нејзината ќерка, која ја игра Клои Фајнмен, добива капа, телефон, копија од „The Catcher in the Rye“ и глобус. И додека нејзиниот сопруг, кој го игра Бек Бенет, добива потпишана бејзбол-палка, вратоврска и лаптоп, Кристен добива наметка. Да, мајката добива наметка купена со 40 проценти попуст!


Децата и сопругот продолжуваат да се занимаваат со многуте подароци што ги добиле, а нивната мајка прави појадок, си ја гори раката и забележува дека не ни вреснала поради тоа, бидејќи „ја држи болката во себе“. Не добила ништо за себе ниту во божиќниот чорап. Но, кој го добива најголемото изненадување на крајот? Кучето! И, се разбира, откако им прави појадок, ги гледа како ги отвораат подароците додека ја носи својата нова наметка на попуст, сите прават семејна фотографија во која таа изгледа очајно.


Ако ви треба потсетник за тоа како им е на мајките, ова видео дефинитивно ќе ви ја покаже реалната страна, ќе ве насмее. А можеби ќе ве поттикне да купите одличен подарок годинава за вашата мајка.

Автор: Мекишана Пјер

Извор



912

X