Воспитување

Видео: Како е да си 23-годишна мајка на 34 деца?

Се вели дека родителството е една од најтешките задачи. И секогаш го велиме тоа имајќи предвид дека родителите во просек се грижат за 2 до 3 деца. Но, можете ли да замислите да се грижите за 34?

Жената што ќе ја видите во следното видео го прави токму тоа. Отворила сиропиталиште кога имала 21 година и сега се грижи за 34 деца.

Таа удомува напуштени деца или сирачиња и вели дека започнала со ова бидејќи постојано се чувствувала осамена. Им подготвува оброци на децата, а во нејзиното сиропиталиште има вклучено и други лица кои несебично ѝ помагаат.

Во видеото ја прикажува нивната рутина, времето на спиење, будење, хранење, активности, учење и слично. Заедничка активност им е и снимањето видеа додека танцуваат. Вели дека сите тие обврски предизвикуваат стрес, но задоволството од тоа што им е емоционална и финансиска поддршка на децата целосно ја исполнува.

Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top