Прво проверувате дали е сито, па дали е суво, па дали му е студено, топло, дали го боли нешто… Има уште неколку проверки што треба да ги направите, а потоа заклучувате дека вашето бебе е едноставно малку немирно и дека не може да му се помогне. Некогаш славите ако бебето сака цуцла, некогаш се обидувате малку да ја „турнете“ цуцлата во неговата уста, некогаш пробувате различни ритми… А понекогаш ништо не успева.
А кога ништо не функционира, тогаш барате разни трикови кои би можеле да дејствуваат на вашето бебе. Или ќе ги изгубите нервите. По цел ден грижа за бебето, хранење, пресоблекување итн., едноставно немате повеќе идеи и енергија. Така, се надевате дека одговорот лежи во таткото. И ќе бидете во право!
Еден татко објавил видео на „Тик-ток“ кое едноставно воодушевило многу луѓе – освен што луѓето велат дека навистина функционира, видеото е и премногу слатко! И сè започнува со позната слика, или поточно, познат звук – звукот на плачење на детето.
Во видеото Џонатан покажува како со едната рака го држи својот 2-месечен син, а со другата му ги мести рацете околу неговото тело, така што малиот е во положба како да се прегрнува себеси.
@tuquedaddy Reply to @king.marcellius I wanna see people try!! Duet this and try if you can!! I wanna see y’all super heroes 🥰🥰🥰 #tuquedaddy #fypシ #parenting ♬ original sound – Tuque
Пред бројките на екранот да достигнат 18 секунди – бебето престанува да плаче. Кога го гледате видеото, дури и тие неколку секунди плачење како да ве лазат морници по кожата, нели?
На крајот од видеото има и посебна доза на сладост. Кога тоа мало лице ќе се смири и звуците престануваат, го гледате тоа слатко, малечко лице… И го слушате таткото како го тапка своето малечко: „Добро ли си, момче мое?“
Начинот на кој овој татко го смирил бебето е вистинска и докажана техника која ја споделува педијатар, а уште го нарекуваат и магионичар. Д-р Роберт Хамилтон од Санта Моника лекува бебиња и деца речиси четири децении. Неговото видео во кое го опишува држењето на бебето е прегледано повеќе од 53 милиони пати на „Јутјуб“.
912