Печење торта, купување подароци за децата, организирање собири, подароци за семејството, соседите, деловните партнери и пријателите на сопругот, купување подароци за себе, „справување“ со претерано возбудени деца кои се преполни со шеќер, средување на домот, одржување добра атмосфера… Се чини невозможно само една личност во семејството да го направи сето ова, а исто така изгледа и малку смешно.

Но, кога малку ќе размислите, ќе сфатите дека тоа е всушност сѐ што правите самите за време на празниците. Дури и ако не е физички напорно, овој ментален товар за време на празниците е навистина тежок и едноставно исцрпувачки. Тоа се мајките – затоа што тие се задолжени за тоа.

Што ако за момент ги смениме улогите?

Една мајка направила урнебесен приказ на таквиот развој на настаните! Клер објавила сатирично видео на „Тик-ток“ во кое ги менува улогите на семејството за празник, претставувајќи се како мајка која нема премногу задачи оваа празнична сезона… Нејзиното видео содржи многу познати дијалози, но во обратни улоги.

-Извини, дали набави подароци за моите родители? Дали набави подароци за моите сестри? Дали купи подароци за мојот деловен клиент – го прашува таа сопругот.

– Само опушти се – му вели таа.

Конечно, тука е најомилениот дел за мајките, делот кој може да се нарече „Прашај го тато“, кој ги таргетира сите оние татковци кои само ја „префрлаат топката“ на сопругата.

-Прашајте го тато. Мама не знае ништо за празничниот концерт во училиште. Подароци за наставниците? Прашај го тато. Мама не добива училишни мејлови – вели таа пред да го праша својот „невидлив“ сопруг дали го однел нејзиниот фустан на хемиско чистење.

Клер се осврнала и на празничната традиција на совпаѓање на пижамите.

-Нема да ги носам истите пижами. Ова ви го кажувам секоја година, тоа е понижувачко – се пошегувала таа пред да му каже на својот сопруг дека нејзините четири сестри доаѓаат на божиќна вечера и дека може да направи само „уште една мисирка“.

-Ти не ми кажа дека сакаш нешто за Божиќ. Па, јас не сум читач на мисли. Мора да се комуницира – му вели таа сатирично на сопругот.

Мора да признаете, дури и ако го имате најдобриот партнер на светот, во некои од овие ситуации сигурно сте го препознале својот, ситуации кои ги доживувате секоја година… Ако ништо друго, барем да се насмеете.

@clarabellecwb

I brought everything down from the attic so…

♬ Jazz that Christmas masterpiece 3 – Single Origin Music

Извор



912

X