Како што бебето расте во стомакот, така и неговиот живот станува сè поинтересен, а со помош на технологијата сето тоа можеме да го следиме. Во ова видео бебето јаде и плаче, па прави многу слатки изрази на лицето.

Што сè прави бебето во стомакот?

Научниците откриле што сè може да прави фетусот во текот на бременоста, а некои работи сигурно ќе ве изненадат. Бебето почнува да ика кон крајот на првото или почетокот на второто тримесечје. Понекогаш тоа мајките го чувствуваат само привремено, а некогаш тоа се серии на ритмични движења. Исто така, со помош на 4Д-ултразвук откриле и дека бебињата до 24. недела може да се насмеат. До 36. недела неродените бебиња може да направат и други изрази на лицето, како спуштање на веѓата, збрчкување на носот или растегнување на усните. Освен тоа, бебињата во матката може често и да се проѕеваат, но и го цицаат прстот.

Дури ни плачењето не е нешто непознато за бебињата во стомакот. Едно истражување покажало дека вревата од ниските звучни фреквенции насочена кон мајчиниот стомак, кај фетусот во третото тромесечје предизвикува однесување кое изгледа како плачење. Бебето тогаш ја отвора устата, неправилно дише, а научниците дури забележале и треперење на усните.

Автор: Селма Сакиќ

Извор



912

X