Како што растат и се развиваат, малите деца постојано учат. Да се облекуваат самите, без помош од родителите е една од работите на кои се учат и со кои стекнуваат независност. Следната Монтесори-техника што ќе ја погледнете е премногу добра за да не се сподели. Особено ќе помогне при облекувањето на јакната кај децата од претшколска возраст.

Во видеото ќе погледнете како мајката на малечко девојче ја поставува јакната со делот од главата свртен кон детето, рамно на подот, а потоа девојчето ги става рацете во ракавите и едноставно ја превртува и ја крева јакната – многу интересен и едноставен начин за децата сами да ги облекуваат своите јакни, барем додека не ги совладаат сите потребни вештини во согласност со возраста, за самите да ги облекуваат и другите делови од облеката.

Извор



912

X