Еден татко одлучил да презентира како да купувате намирници во супермаркет кога сте заедно со своето дете. Во смешното видео тој дава инструкции за родителите како полесно да го поминат времето во продавниците додека се со децата. Вели дека е потребна брзина, количка за складирање на производите, имитација на автомобил за забавување на детето со количката.

На комичен начин ги презентира ситуациите во кои секој родител може да се најде, на пример, кога детето трча меѓу полиците од супермаркетот, па родителот се теши дека детето ќе биде во ред. Потоа следуваат ситуациите кога родителот го довикува детето да побрза, како и моментите кога децата се губат низ маркетите, па родителите креваат паника.

Трчањето по детето, заборавањето на списокот со производи што треба да се купат, засрамувачките ситуации, измореноста од целиот процес, нередот што го прави детето… се темите што овој татко на пресмешен начин ги доловува. Погледнете го видеото:

Извор



912

X