Да се стане родител за прв пат е уникатно и возбудливо искуство, но често оние кои стануваат родители за прв пат не знаат што да очекуваат. Одеднаш се селат во свет каде што се менуваат пелени, бебиња се хранат во доцни часови во ноќта, непреспиени ноќи и огромна промена на животните навики. А кога жена оди на породување, нејзиниот партнер не треба да биде обвинет што малку крева паника.

Таков е и таткото кој стана огромен хит на социјалната мрежа „ТикТок“, бидејќи поставил прашање кое тој смета дека е легитимно, додека со сопругата тргнуваат кон болница бидејќи таа се породува. Медисон Маршал, објавила смешно видео во кое се потсетува на времето кога заминувала за болница откако и пукнал воденикот – а нејзиниот сопруг прашал дали им требаат пасошите. Вртејќи се кон сопругата тој вели: „Дали ни требаат, ах, дали ни требаат пасошите или нешто такво?“. Медисон, саркастично одговара: „Да, одиме во Париз“. Тој вели: „Па не знам, можеби треба да докажеме дека сме родители на бебето?“.

Медисон го објавила видеото и напишала: Прв пат татко, го сакам – а видеото има над 1,2 милиони допаѓа и ги насмеа луѓето ширум светот.

@madisonmarschall

First time dad probs ?? I love him so much ?? ##thinkingaboutsomanythings ##firsttimedad ##momtok ##funnytiktok

♬ original sound – Amir Yass

Автор: Џесика Тејлор

Извор



912

X