Не за џабе луѓето велат дека здравиот има илјада желби, а болниот само една… И таа понекогаш се претвора во некоја скромна желба, особено ако се нема можност или надеж, во најважната – желба за здравје. Особено сме чувствителни на децата, се разбира, па секоја болест ни го крши срцето.
Кога гледаме дете како со нетрпение очекува нешто што многумина од нас би го зеле здраво за готово, тоа е исклучително трогателно. Така едно видео допре многу, многу срца. Станува збор за видео објавено на „Инстаграм“ од Кетрин Палмер, мајка на момчето Ендру, кое живее со мускулна дистрофија, прогресивна невромускулна состојба која предизвикува мускулна слабост, тешкотии со дишењето и проблеми со срцето.
Ова 14-годишно момче повеќе не може да оди, па се движи во инвалидска количка.
И така неодамна го снимила моментот кога го изненадиле Ендру со
-Што мислиш? – го прашува мајка му, а тој е толку обземен од емоции што му е тешко да зборува, па низ солзи вели:
-Многу те сакам, мамо. Сега можам да правам нешта сам.
-Веќе не морам да чекам некој да дојде и да ме пресели во друга соба. Се чувствувам повозрасно и понормално – истакнал Ендру.
-И можеш да ги донесеш своите садови во кујнскиот мијалник – се пошегувала мајката, покажувајќи во каква атмосфера расте ова момче. Не мора ни да пишуваме дека коментарите под видеото покажале колку срца допрело ова видео…
Автор: Наташа Крстичевиќ
912