Меган Хили не крие дека ѝ недостига сопругот, потполковник во американската војска, кој последната година ја поминува во странство. Но, исто така, не им е лесно ниту на нивните ќерки, 4-годишната Ноел и 2-годишната Натали.

Ноел на сите им вели дека нејзиниот татко отишол со „големата војска“ и дека ќе се врати дома кога ќе „заврши со помагањето на луѓето и заштитата на земјата“. За да им помогне на децата да се справат со недостигот, мајка им секое утро им подготвува појадок, а до нив ја остава фотографијата од нивниот татко.

– Тато наскоро се враќа дома – споделила Хили во видео кое го објавила на социјалните мрежи, а многумина ги разнежи реакцијата на нејзината помала ќерка, која со цела сила ја прегрнува фотографијата на татко си.

Говорејќи за своите ќерки, гордата мајка заклучила дека токму тие се „вистинските херои“. Исто така, признава дека поради пандемијата, се нашла во специфична ситуација и дека постојано стравувала што ќе се случи ако некоја од нејзините ќерки или таа се разболи, а немаат помош од никого. „Да немаше пандемија, многу луѓе би дошле и би помогнале, но сега е таква ситуацијата. Живеев во постојан страв дека јас и моите деца ќе се разболиме додека сопругот е отсутен“.

Како што семејството е сè поблиску до средбата со таткото по 11 месеци, малечката Ноел е подготвена. „Само прашува кога ќе се врати тато дома“, вели Хили. „Гледа во мојот телефон, во календарот, за да пресмета кога заминал и кога треба да дојде“.

Автор: Кејт Хенсон

Извор



912

X