Малите деца без надзор се кошмар за повеќето родители. Иако се мали, тие се брзи и имаат способност да дофатат различни работи. Една мајка на „Тик-ток“ сподели ситуација во која нејзината ќерка успеала да стигне до ножици и да си ја истриже косата.

На видеото таа ја сними сопствената реакција на новата фризура на нејзината ќерка Макс.

Начинот на кој постапи оваа жена е пример за нежно родителство. Сигурно повеќето родителите би изреагирале многу полошо и веднаш би ги зеле ножиците од рацете на детето. Но, оваа мајка ѝ одговори на најљубезен начин, со доста почит.

Кога влезе во собата и ја виде ќерка си како држи ножици, таа смирено ја праша: „Што направи?“ Макси ѝ одговори: „Го исеков сето тоа и го оставив овде“.

Реакцијата на мајката не беше лутина или строг тон. Наместо тоа таа рече: „Браво, одлична работа, Макс!“

Потоа ја праша дали се чувствува подобро бидејќи косата повеќе не ѝ е во лицето, на што таа одговори потврдно. Потоа, дадени ѝ беа неколку опции, вклучувајќи го и одењето на фризер за да се поправи фризурата.

Под видеото имаше различни коментари, од луѓе кои го поддржуваат нежното родителство до луѓе кои велат дека Макс треба да знае дека тоа што го направи не е во ред, за во иднина да не го повтори.

@designerluxury4u Talent #gamimy #kidsoftiktok #girlpower #beautician ##parentsoftiktok ♬ original sound – EveryonedeservesLuxury

Извор



912

X