Воспитување

Видео: Девојче останало заклучено во автомобил, па само успеало да излезе

Едногодишно девојче е наречено „најпаметното дете досега“ откако успеало да ја отклучи вратата од автомобилот во кој било заклучено. Нејзината мајка Апријана Луки го објавила видеото на „Тик-ток“, но и покрај тоа што девојчето успешно излегло од потенцијално опасната ситуација, некои гледачи не биле премногу воодушевени.

„Баба ми случајно го заклучи моето бебе во автомобил“, напишала Апријана под видеото на кое се гледа малата З’Нарија, која останала сама во автомобилот. Благодарение на советите на нејзината снаодлива мајка, девојчето успеало да излезе од седиштето во автомобилот, само ја отклучило вратата и излегло.

Апријана објаснила како се случил инцидентот додека одела на гробишта со нејзината баба.

„Со оглед на тоа што не планиравме да останеме долго, ги оставив клучевите во бравата и излегов да го земам бебето. Вратата беше заклучена, па ѝ реков на баба да ја отклучи. Но наместо да ја отклучи, таа ги заклучи сите други врати, а ќерка ми остана внатре“, вели мајката, која решила да го сними целиот инцидент.

За кратко време видеото станало вирално и собрало околу две илјади коментари од корисници на „Тик-ток“, кои биле воодушевени од снаодливоста на ова мало девојче.

@apriannalukie4

♬ original sound – Aprianna Lukie

„Бебињата родени во пандемија навистина имаат супермоќ“, „Браво, паметна девојка“, „Не ми се верува како слушаше што кажавте и успеа сама да излезе од заклучениот автомобил, супер“, се само дел од коментарите.

Сепак, имало и такви кои забележале неколку работи во видеото кои не им се допаднале.

„Таа не е соодветно врзана, не се вози дете така на седиште“, коментира еден корисник, а со неа се согласиле и други луѓе, додавајќи дека девојчето е премало за седиштето на кое седело.

Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top