Она чувство кога децата ќе ви кажат дека секогаш ќе ве сакаат и ќе ве гушкаат. Па кога ќе ви кажат дека никогаш нема да ви упатат лоши зборови. Па, кога велат дека никогаш, никогаш, никогаш нема да пробаат алкохол. Па, кога ќе ви кажат дека никогаш нема да имаат дечко/девојка. Ова се ситуации кои треба да се снимат како потсетник, нели? Само за еден ден да им ги „ставите под нос“.

И сакате тоа да им го покажете во пубертетските години. Сите знаеме дека тогаш нѐ чека сѐ и сешто, а сепак никогаш не сме подготвени за истите предизвици. Затоа што кога се мали, децата се толку слатки и прекрасни, што не можеме да замислиме дека ќе бидат различни.

Канадската инфлуенсерка Шеридан Ингалс однапред добила извинување од нејзината ќерка Каја за сѐ што ќе ѝ направи за време на пубертетот. А видеото е поучно, смешно, истовремено и прекрасно…

Во видеото Каја многу смирено ѝ објаснува на својата мајка:

-Значи, кога ќе пораснам и ќе имам 16 или, да речеме, 12 години, и ќе почнам да бидам дрска, таква ќе бидам две години.

-Затоа те молам запомни дека јас сум всушност дрска и безобразна, за да можам да бидам како сите други тинејџери – вели Каја.

Кога мајката ја прашува:

-Ќе ме сакаш без разлика на сѐ?

Каја потврдува со главата.

Извор



912

X