Во следното видео ќе имате можност да погледнете деца кои интензивно се обучуваат, ја градат физичката кондиција, способноста за поминување препреки и совладување тешки предизвици.
Со други зборови, тие поминуваат низ нешто слично на интензивна воена обука. Од нивното движење ќе бидете изненадени, па може и да си помислите дека возрасен човек тешко може да ги совлада овие предизвици. Освен тоа, кај децата се поттикнува и натпреварувачкиот дух, па се поделени во тимови и, се разбира, победник е оној тим што најбрзо ќе ги совлада препреките и ќе стигне до целта.