Воспитување

Видео: Деца-херои со камења оградиле отворена шахта

Отворени шахти може да резултираат со несреќа. Тоа добро го знаат момчето и девојчето кои враќајќи се од училиште, направиле гест поради кој се наречени херои.

Децата на околу 12 години наишле на отворена шахта и веднаш нашле решение за проблемот.

Момчето со прстот покажува на страната на девојчето. Тие исчезнуваат од снимката, а потоа се враќаат со големи камења. Ги ставаат во близина на отворената шахта. И покрај тешките торби што ги носат на грб, одат да земат уште еден камен. Вака поставените камења служеле како предупредување за автомобилите што доаѓале.
„Никогаш не си премногу млад за да направиш разлика“, напишал Аваниш Шаран, кој го споделил видеото на „Твитер“.

Откако го погледнале, многу луѓе им аплаудирале на децата и ги нарекуваат херои и им честитаат на родителите за нивното воспитување.

Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top