Неконвенционалните методи за одвлекување на вниманието што ги користи лекарот пред бебето да добие вакцина станаа вирални на „Тик-ток“.

На 17 март Криси Маријана споделила видео од нејзината ќерка Софиа додека прима вакцина. Лекарот, д-р Вилијам Герба, е познат по својот „Герба метод“ кој го користи за му го одвлече вниманието на бебето за да се осигури дека нема да плаче кога ќе ја прими вакцината.

Софија изгледа како да се забавува со докторот. Пред да ја вакцинира, тој ѝ пее песна и нежно ја боцка и скокотка додека таа не се насмее и потскокне, целосно насочена кон него, а не кон вакцината Откако вниманието на Софија е придобиено, д-р Герба ја вакцинира – а таа речиси не забележува. Всушност, мајка ѝ објавила и следно видео, во кое се гледа дека Софија не пролеала ниту една солза откако се вакцинирала, иако некои забележуваат дека изгледала како малку „шокирана“ кога д-р Герба ја боцнал со иглата.

@chrissymarianaa

No tears ?? ##fyp

♬ original sound – Chrissymariana

„Посебно место во рајот за вакви лекари“, стои во еден од коментарите. „Таа знаеше што следува“, се шегува друг корисник. „Ова е неверојатно. Голема почит за лекарот“.

@chrissymarianaa

Reply to @lifeofmyson ##greenscreenvideo someone always has something to say ? no tears here!

♬ original sound – Chrissymariana

Автор: Морган Гринвалд

Извор



912

X